Недела деветта по Педесетница

На 06.08.2017 година, Недела деветта по Педесетница, св. мч-чка Христина, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во сослужение на Митрополитот Американско-канадски г. Методиј, Митрополитот Европски г. Пимен, Митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, извршија осветување на манастирската црква „Св. Георгиј Победоносец“ с. Туденце – Тетовско. По осветувањето се богослужеше Света Златоустова литургија на која чиноначалствуваше Митрополитот Американско-канадски г. Методиј. По литургијата од страна на иницијативниот одбор за возобнова на црквата беше организирана братско – сестринска трпеза на љубовта за сите присутни, и беа доделени благодарници за сите ктитори кои ја помогнаа изградбата на овој велелепен храм. На литургијата проповедаше Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, кој заблагодари на сите ктитори-дарители како од Македонија, така и на нашите иселеници од дијаспората во САД. Проповедта можете да ја прочитате во целост тука....